Во салата на Соборниот храм на Македонската православна црква Охридска Архиепископија, на 26 ноември (четврток) во 13 часот ќе биде промовирана колор-монографијата за манастирот Свети Наум Охридски од акад.Цветан Грозданов. За најновото дело на познатиот научник ќе говорат поглаварот на МПЦ господин господин Стефан и претседателот на МАНУ, акад.Владо Камбовски, а поздравна реч ќе одржи д-р Елизабета Канческа Милевска, министер за култура во Владата на Република Македонија.
Монографијата е во издание на Македонската академија на науките и уметностите и Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.