Русија би била подготвена на „формирање на заедничка команда“ за борба против Исламска држава, во чии рамки официјална Москва би соработувала со Франција, САД, па дури и до Турција, изјави денеска рускиот амбасадор во Париз, Александар Орлов.
– Подготвени сме да планираме заеднички напади врз позициите на ИД и да формираме заедничка команда со Франција. со САД, со сите тие држави кои сакаат да бидат во таа коалиција. Доколку Турците исто така сакаат да бидат дел од таа коалиција, добродојдени се, посочи Орлов.
Тој наведе дека еден од двата руски пилоти, кои се катапултираа од авионот соборен од страна на Турција, е пронајден од сириската армија и ќе го однесат во руска база во Сирија, додека другиот пилот е убиен од џихадистите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.