Црна Река во Тиквешко се излеа и поплавени се земјоделски површини во атарот на неколку села, информираат од водостопанство „Тиквеш“ од Кавадарци.

– Поради зголемен доток на вода од Црна Река, вчерашните девет кубни метри вода во секунда кои се прелеваа преку преливната шахта на Тиквешко Езеро денес се зголемија на 40 кубни метри вода во секунда. Поплавени се ниви на неколку локации околу Црна Река. Во селото Возарци пред железниот мост, во селото Манастирец по мостот, по асфалтната база близу селото Трстеник, Паликурско. Наша механизација работи на неколку места сѐ со цел да се спречат штети на околните имоти околу коритото на реката. Ова особено околу бунарите за вода за пиење во Росоманско кои, исто така, се загрозени – изјави техничкиот директор Илија Темелковски.
Коритото на Црна Река може да носи 120 кубни метри вода во секунда, а во моментов таму има 160 кубни метри во секунда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


