Московскиот суд донесе одлука за затворање на локалната Сциентолошка црква во руската престолнина, на барање на Министерството за правда, бидејќи не била во согласност со федералниот закон за слобода на вероисповед.
Во образложението се наведува дека Црквата била регистрирана како американска трговска марка и како таква, според руските закони, не можело да се смета за црква.
Црквата, која во Москва е регистрирана од 1994 година, доби рок од шест месеци во кој треба да престане со работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.