Едно лице загина во сообраќајна која се случила денес околу 11.50 часот, на Булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово.
Во несреќата, информираат од СВР Тетово учествувале товарно моторно возило „мерцедес вито“ со тетовски регистерски таблици што го управувал 48-годишниот С.А. од Тетово и пешак J.Ѓ. на возраст од 57 години, исто така, од Тетово, а кој ја преминувал улицата од едната на другата страна, надвор од обележан пешачки премин.
Од ударот пешакот се здобил со тешки повреди и од возачот на „мерцедесот“ со друго возило веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница, каде набрзо им подлегнал на повредите.
Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршија увид на местото на несреќата и се утврдуваат причините, околностите и сѐ друго поврзано со оваа сообраќајна несреќа, додека по наредба на јавниот обвинител врз безживотното тело на пешакот ќе се изврши обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.