Сте му погрешиле на некого и незнаете како да се извините за да добиете прошка.
Овен
Овој огнен знак често заборава што рекол во афект. Сметаат дека не е важно она што се случило пред еден час и продолжуваат понатаму. Сепак, ако сте припадник на овој знак обидете се да ја разберете другата страна, а не само да гледате од својот агол – тогаш ќе знаете како да се извините.
Бик
Биковите се миротворци, но кога ќе експлодираат – знаат многу да се налутат. Тешки се на извинувања, па затоа еден совет – ако сте припадник на овој знак, извинете се со дела, или пак со писмо, порака или некој друг алтернативен начин кој не вклучува зборови искажани со уста.
Близнаци
Како и Овните така и Близнаците често не разбираат зошто другата страна се нервира. Бидејќи често знаат да не се грижат за туѓите чувства, треба повеќе да се поврзат со срцето, а не со главата, па тогаш ќе знаат зошто треба да се извинат.
Рак
Овој нежен знак многу се плаши некого да не повреди. Сепак, кога тоа ќе се случи, ќе направат сè за повторно да застанат на мирна подлога. Ракови, кажете ги сите извинувања што ви лежат на срце, па нека падне и некоја солза.
Лав
Лавовите ретко признаваат дека згрешиле. Затоа нивниот партнер ќе знае какво извинување ќе добие, барем некое време. Сепак, совет за Лавовите – раскажете ја својата приказна и прифатете ја туѓата, секако без повишување на тонот. Ако самите го започнете разговорот, другата страна тоа може да го разбере како извинување.
Девица
Ако во хороскопот сте Девица, можеби и не сфаќате, но вашите забелешки повеќе пати може да се разберат како критика и на тој начин можете да ја повредите другата личност. Затоа, бргу приберете се и извинете се, нежно и одмерено, онака како што вие знаете.
Вага
Овој совршен знак, постојано во рамнотежа, не сака лоша атмосфера. Ако сте Вага, анализирајте ја ситуацијата и решете ги проблемите пред да станат големи.
Скорпија
Бидејќи Скорпијата го гледа извинувањето како понижување, единствен начин на кој што се извинува е така што станува добар, мил и драг, а потоа бргу сака да ја заборави ситуацијата и продолжува понатаму. Затоа, извинете се со добро однесување и со некоја добра постапка, тоа ќе значи повеќе од зборовите.
Стрелец
Главно несовесен и невнимателен Стрелецот знае да погоди таму каде што најмногу боли. Ако сте припадник на овој знак бргу ќе сфатите во што е проблемот и ќе се извините од срце.
Јарец
Ако дојде до расправија, Јарецот ќе се закопа во работата и додека работи ќе смисли извинување кое што ќе го промрмори. Драги Јарци, извинете се малку погласно и наградата ќе биде поголема (а вие сакате подароци).
Водолија
Водолиите се познати провокатори. Затоа драги шегаџии кога ќе сфатите дека ѓаволот ја однесол и последната шега, извинете се на ваш својствен весел и неодолив начин. Подобро и такво извинување отколку никакво, а при тоа да се надеваме дека другата страна има меко срце.
Риби
Понекогаш во навредувањето и бруталната Риба ќе сфати дека погрешила. За припадниците на овој знак е добро тоа што бргу ќе се појави со чоколадо и слатки зборови пред повредената личност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.