| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчанец ги претепал домашните, завршил во болница сам повредувајќи се со пила

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против А.Р.(30) од Битола поради основи на сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста.

Ноќта на 17 септември, околу 04.30 часот, во семејниот дом пријавениот под дејство на алкохол прво започнал вербална расправија со неговите браќа, а потоа почнал и да ги тепа. Кога во собата влегле неговите родители, тој почнал да фрла по нив со чаши и со шишиња, а зел и пила и се обидел да го удри неговиот брат.

При фрлањето на пилата тој се самоповредил и обилно крвавел од левата рака, по што бил однесен во Клиничката болница Битола.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top