| четврток, 6 декември 2018 |

Русија денес или утре запира со доток на гас за Украина

rusiq-spira-podavaneto-na-priroden-gaz-za-ukraijna-dnes-ili-utre-340316

Русија денес или утре, ќе престане со доставувањето на природен гас за Украина.
– Ова е наметната одлука, затоа што украинската страна не платила за испораките на гас, изјави рускиот министер за енергетика, Александар Новак, цитиран од „Ројтерс“.
Освен тоа Москва може да престане и со испораките на јаглен за Киев, поради прекините на струја за анексираниот полуостров Крим, предупреди Новак.
Тој ги обвини украинските власти за политички мотивирана саботажа, бидејќи два дена по бомбашкиот напад на далноводите, сеуште не ја обновиле струјата за над еден милион жители на полуостровот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top