| четврток, 6 декември 2018 |

Шок за навивачите на Вардар, Сираба Дембеле си заминува од клубот

Една од најдобрите ракометарки на ЖРК Вардар во изминативе две години, левото крило Сираба Дембеле ќе си замине од клубот на крајот од оваа сезона.
По неколкуте најави дека од клубот по завршување на годината ќе си заминат неколку клучни ракометарки, се чини полека се остварува.
По три сезони минати во Вардар, на Дембеле во јуни 2016 година и истекуваат одврските од договорот, по што таа е слободен играч. Извршниот директор на клубот Давор Стојановски за клупскиот сајт на ЖРК Вардар изјави дека на Сираба и бил понуден нов договор, но таа и покрај одличната атмосфера во екипата сака да си замине и изразила желба кариерата да ја продолжи во друга средина.

– И покрај нашите намери да ја задржиме во клубот, задоволни од досегашните нејзини настапи, Дембеле изрази желба да замине. Ние ја почитуваме нејзината волја, и и посакуваме многу среќа во нејзината кариера. Таа е пример за професионален играч кој максимално се посветува на обврските и дава се од себе за постигнување на добри резултати. Задоволство е секогаш да се работи со такви играчи – вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Дембеле дојде во Вардар во 2013 година и како дел од екипата двапати настапуваше на Ф4 турнирите од Лигата на шампионите во Будмпешта каде „црвено-црните” двапати го освојуваа третото место. Минатата сезона беше избрана и како дел од идеалната седморка во Лигата на шампионите, а на почетокот од оваа сезона тренерите на екипите кои настапуваат во Лигата на шампионите повторно ја сврстија во иделниот состав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top