Коментарите на разочараните фанови пристигнуваат во се поголема бројка, додека најголемите оптимисти се уште се надеваат дека во прашање е само добар корсет.
Славната убавица Селма Хајек отсекогаш гордо ги носеше облините. Но, овој пат по се изгледа претерала.
Имено, на интернетот осамнаа фотографии од убавата актерка од доделувањето на театарските награди во Лондон, а според зборовите на присутните, сите погледи беа вперени во Селма од моментот кога се појавила на црвениот килим.
Причината за тоа е нејзиното деколте побујно од било кога што и предизвика коментари дека Селма вградила силикони и тоа без мерка и вкус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.