| четврток, 6 декември 2018 |

Руските медиуми: Париз има шанси да ги зближи САД и Русија

ruska-mediq-parij-ima-shansove-da-sbilji-sasht-i-rusiq-340300

Од самиот почеток на сирискиот конфликт, светските сили превземаат најсериозни обиди да формираат коалиција против групата „Исламска држава“ (ИД).
Улогата на посредник ја превзема францускиот претседател Франсоа Оланд, пишува „Комерсант“. Оваа недела францускиот шеф на државата ќе ја разгледа можноста за сплотување на силите против ИД со лидерите на Велика Британија – Дејвид Камерон, на САД – Барак Обама, на Германија – Ангела Меркел и на Русија – Владимир Путин.
По терористичките напади во Париз, Франција ги бара патишта кон ново приближување со Руската Федерација, наоѓајќи потпора во традиционалните специјални односи со Москва, забележува набљудувач на весникот. По нападите во Париз и уривањето на рускиот авион, Русија и Франција се најдов во еден чамец пред заканата од меѓународниот тероризам.
Освен тоа не само Франција, но и Европа како целина се уморни од конфронтација со Москва и претседателот Оланд ќе ја игра улогата на посредник, обидувајќи се да ги стабилизира односите од долготрајната криза.
Не се знае дали Оланд ќе успее да го убеди Барак Обама, но позицијата на САД исто така почнува да омекнува, коментира политологот Надежда Арбатова. Според неа Оланд ќе се обиде да направи чекор напред, врз основа на традицијата во руско-француските односи во советското време.
– За Оланд ова е шанса да ја сплоти нацијата и да направи нешто значајно, да ги нормализира односите со Русија, смета Арбатова.
Широка меѓународна коалиција, која легално ќе дејствува во регионот, без да ги крши меѓународните норми, тоа е развојот на ситуацијата, на што инсистира Москва, истакнува електронскиот весник „Денови“.
Неслучајно се почесто ја нарекуваат Русија главен учесник во борбата против тероризмот.
– Што и да мислите за Русите, единствено тие можат и сакаат да направат нешто значајно во борбата против тероризмот, го цитира „Денови“ поранешниот француски дипломат Симон де Галбер, кој зборувал пред американското издание „Нешенел интерест“.
Во оваа смисла се очекува Париз, најтесно да соработува токму со Москва во борбата против ИД.

– Според мене тешко би ги обвиниле Французите дека бараат можност за координација со Москва. Особено откако претседателот на САД, Барак Обама упати сигнал дека нападите врз Париз нема да станат настан, кој би оправдал промена на стратегијата на САД во Сирија, пишува експертот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top