| четврток, 6 декември 2018 |

САД уништија 238 цистерни со нафта на екстремистите во Сирија

Во напад на американските воздухопловни сили врз позициите на Исламска држава на североистокот од Сирија уништени се повеќе од 238 цистерни со нафта на оваа екстремистичка организација, соопшти војската на САД.

Американските пилоти забележале дека цистерните биле паркирани една покрај друга и затоа, пред да бидат уништени, истрелале предупредувачки истрели за заплашување на возачите, кои биле присилени да побегнат.

Исламска држава заработува големи суми пари од нафтата која ја произведува на освоените нафтени инсталации.

Американското Министерство за одбрана најави дека ќе објави видеоснимка на овие воздушни напади, што се случиле за време на викендот.

Минатата недела во претходниот напад беа уништени уште 116 цистерни, пренесе „Би-Би-Си“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top