| четврток, 6 декември 2018 |

Изложбата „Македонија во Првата светска војна“ во Воениот музеј во Стокхолм

Изложбата „Македонија и Првата светска војна“ организирана од Државниот архив на Република Македонија, ќе биде отворена утре во 15 часот, во Воениот музеј во Стокхолм.

На отворањето на изложбата свое обраќање ќе имаат Александра Наќева Ружин, амбасадорка во Шведска и Ева-Софи Ернстел, директорка на Воениот музеј во Стокхолм.

Оваа изложба е дел од проект на Воениот музеј во Стокхолм, започнат уште во 2014 година, а по повод одбележувањето на стогодишнината од почетокот на Првата светска војна.

Со оваа изложба Државниот архив на Република Македонија се вклучува во одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна преку презентирање на архивските документи што се чуваат во депоата на Архивите во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top