| четврток, 6 декември 2018 |

И премногу чисто не чини

Западниот свет денес живее во опсесивна желба за чисто, користи антибактериски сапуни, препарати кои ги убиваат 99,99 отсто од бактериите, се тушира секој ден, постојано менува облека, пешкири, чаршави, иако експертите веќе некое време препорачуваат дека премногу чисто води кон болест, пренесуваат медиумите.

Се смета дека микроорганизмите се, едноставно речено, лоши. Но, научниците предупредуваат дека е лошо да се инсистира на премногу чисто, бидејќи тоа води кон астма и кон многу видови алергии. Треба да се воспостави рамнотежа меѓу потребата за чисто и со фактот дека бактериите се секде околу нас.

Од 19. век е познато дека некои бактерии предизвикуваат болести. Но, не се сите организми лоши. Постојат бактерии кои предизвикуваат смртоносни болести, но поголемиот дел се корисни за нашето здравје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top