Вчеравечер во 0.50 часот во општина Завидовичи во Босна и Херцеговина, непознато лице фрлило експлозивна направа на полициската станица. Бомбата, која беше фрлена во делот од зградата каде што се издаваат лични документи, предизвикала само материјална штета.
Како што дознава „Аваз“, бомба на покривот на полициската зграда била фрлена и завчера, но таа не експлодирала.
Од тамошното Министерство за внатрешни работи се сомневаат дека нападот е терористички чин, па затоа истрагата е предадена на Босанското јавно обвинителство.
Пред неколку дена во Сараево во терористички напад беа убиени двајца војници на босанската армија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим