Македонија ја покажа својата хуманост во справувањето со бегалците и со мигрантите. Тоа се случуваше во годината кога Македонија беше меѓу првите земји што ги прифатија бегалците од војната во Босна и Херцеговина во 1992 година. Дојде косовската криза во 1999 година кога во Македонија дојдоа околу 360.000 бегалци. Сега се случува најновата криза со бегалците, проблем со кој се соочува цела Европа.
Македонија и нејзините институции повторно ја покажуваат својата хуманост и помагаат колку што можат.
Македонија на жител има најголем прилив бегалци и мигранти кои транзитираат низ земјава. Дежурните катастрофичари во земјава ја обвинуваат државата за некаков нехуман третман. По слулувањата во ПАриз, кога загинаа околу 130 лица од терористички напади мерките на претпазлвост се зголемени. И не само кај нас. Се испостави дека еден од оние кои учествувале во нападите танзитирал низ земјава… Но деновиве повторно мигрантите се сожалуваат со што се прави штета на државата.
Словенија најави дека од 18. ноември пропушта само Сиријци, Ирачани и Авганистанци. Повикувајќи се на заштитата на националните интереси, примерот го следеа и Хрватска, Србија и Македонија. Иранските бегалци на грчко-македонската граница влегоа во некаков протест – на грчка страна еден на малку чуден начин, се закани дека ќе се самоубие ако не биде пропуштен. Беше претставен како жртва… Критиката од дежурните катастрофичари од земјава беше упатена токму против сопствената држава. Истото се случува и со оние со зашиени усти. Мигрантите го користат секое појавување пред камерите и објективите да се прикажат како жртви врз кои се врши терор. Пред камерите ја одбиваа помошта која им беше дадена, одбиваа храна и вода… Вакви „драматични“ фотографии имало и ќе има. А таквото драматично однесување му оди во прилог на оној кој има една цел – да и нанеси штета на државата.
Македонија е хумана. Тоа го покажала многупати досега. Но по никоја цена не смее таа хуманост да ја доведе во прашање безбедноста на државата. Никој смее да ги става во корелација овие параметри зашто не се исти и не може да се споредуваат. Не смее да се дозволи со имигрантите да се нарушат интересите на државата.
Европските земји против примање бегалци
И што сме ние поинакви од останатиот дел од светот?! Претседателот на Словенија Борут Пахор и нењговата хрватска колешка Колинда Грабар Китаровиќ се строго против „мигрантски џепови“ во секоја држава. Сметаат дека со тоа би се задржале поголем број на бегалци отколку што може таа држава да ги згрижи во текот на зимата. Љубљански „Дневник“ во текот на вчерашниот ден објави анкета во која дури 75 отсто од Словенцте се согласуваат со одлуката за поставување заштитна ограда на словенечко-хрватската граница.
Само 21 процент се против ваквата одлука. Доколку овие резултати се споредат со некои неодамна спроведени истражувања на јавното мислење во врска со оваа тема, се поголем број Словенци се согласуваат за поставување на жичена ограда на границата.
И полското МНР излезе со став – „не можеме ние да ги биеме битките на Блискиот Исток додека луѓето од блискиот исток пијат кафе во Берлин“. Тие прашуваат: „во минатото од Полјаците формираа легии да се борат за Полска, зошто да не се прават легии од луѓето на Блискиот Исток за да си ги ослободуваат своите земји“.
–Стотици илјади Сиријци неодамна пристигнале во Европа. Ние можеме да им помогнеме да создадат армија. Десетици илјади млади луѓе излегоа од чамците со ајпад во рацете и наместо да бараат пиење и храна, тие бараа каде можат да го дополнат своите мобилни телефони. Тие можат со наша помош да одат да се борат и да ја ослободат својата земја – изјави Витолд Вашчиковски, полски министер за надворешни работи.
Унгарија, Полска, Чешка и Словачка се против против примање на бегалци. Сите земји ја ставаат безбедноста на државата на прво место. И Романија блиску до истиот овој став.
И Републиканците против влез на мигранти
И Републиканците во Америка се остри – тие се против било каков влез на имигранти. Даваат предлози за блокирање на финансирање на влез на бегалци, нешто што го поддржуваат и Демократите.
–Ги известувам луѓето од Сирија што доаѓаат тука како дел од оваа масовна миграција дека ако победам, тие се враќаат назад. Назад. Ви кажувам. Тие ќе се вратат назад – изјави претседателскиот кандидат Доналд Трамп
Запрашан како ќе го зголеми надзорот врз американските муслимани – како што тој претходно предлжи – тој вели дека ќе преземе мерки за кои сметал дека се „незамисливи“ пред една година.
Пркосејќи му на светиот прв амандман на САД, Џеб Буш изјави дека ќе ги прифати само христијанските бегалци.
-Вие не може да го докаже тоа, знаете, грешите на страната на претпазливост, рече тој.
Тврдокорниот католик Рик Санторум вели:
-Ние не треба да примаме ниту муслимани ниту христијани и после ќе речете зошто нема да сакате да прифатите христијани?. Тоа ќе биде оставарување на тоа што ИСИС сака да го постигне, да се отарасиме од христијаните и умерените муслимани.
Гувернерот на Њу Џерси вели дека закана за националната безбедност е толку голема што тој дури и не би направил исклучок за три-годишен сирак.
Бен Карсон го повика Конгресот да ги блокира средствата за програми што ќе им овозможат на сириските бегалци да влезат во САД, само неколку часа откако американскиот претседател Барак Обама изјави дека републиканците треба да бидат поотворен за луѓето раселени од воено-разурнати земји.
–Мислам дека треба Конгресот да го сопре финансирањето на сите програми кои им овозможуваат на сите овие луѓе да бидат тука. Веднаш. Уште денес, рече тој.
Карсон вели дека Обама греши и дека испраќање нови војници во Сирија е „грешка“.
-Верувам дека многу грешки веќе се направени. Како претседател, јас ќе му дадам мисија на Пентагон и ќе го прашам што му е потребно за да ја постигне мисијата…Мојата администрација ќе стави крај на ерата на поддржување на армијата само седејќи на фотелја.
Но, Карсон ја критикуваше идејата да се примаат само христијански бегалци.
-Па, се разбира, ние не применуваме верски тестови, но треба да применуваме идеолошки тестови, а јас ќе бидам многу резервиран да се примат луѓе кои се идеолошки спротивни на идеалот на Америка, рече Карсон.
Што се однесува до оние бегалци кои се веќе тука, кои ги има повеќе од 2000, тој вели дека САД треба да ги стави под надзор.
-Луѓето што бегаат од Сирија се најмногу оштетени со тероризмот, изјави Обама во Анталија, Турција, на состанокот на Г-20. -Многу важно ние да не ги затвориме нашите срца за овие жртви на овој вид насилство и некако да почнеме да го изедначуваме прашањето за бегалците со прашањето на тероризмот.
–Кога ги слушам луѓето како велат дека можеби ние треба да примаме само христијани, а не муслимани (бегалци), кога ги слушам политички лидери како предлагаат да има верски тест според кој човек кој е во бегство од воено разурната земја ќе се прима – кога некои од тие луѓе самите потекнуваат од семејства кои се корисници на заштита додека бегале од политички прогон -тоа е срамно Тоа не е американски , рече Обама.
И зарем треба да се дозволи Македонија да стане тампон зона и да се доведе во прашање безбедноста на граѓаните. Земјава не се соочува со македонски проблем, се соочува со европски проблем, за кој Европа нема заедничка стратегија. Не смееме ние да дозволиме да наседнеме на спектакуларни фотографии чија цел е да го обиколат светот и да исполнат одреден интерес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти