Во сабота, на 28 ноември почнуваат божиќните пости, а подготовките траат во текот на цела недела.
Се верувало дека во овој период вештерките и демоните особено се активни и затоа треба да се истријат табаните со лук изговарајќи: „Вештерка како конец, кај мене заби како колец“.
Во минатото се приредувале поворки од маскирани играчи кои со бучна музика и со говор ги обиколувале населбите и изведувале различни игри и обреди од магиско-забавен карактер против различни чудовишта за кои се верува дека имаат посебна моќ во ноќта меѓу поклади и првиот ден од постот. Кај народот постоело верување дека на овој ден вештерките и демоните се собирале околу куќите за време на вечерата, затоа по вечерата се фрлале лушпите од јајца во оган, табаните се триеле со лук, а на децата пред спиење им се облекувале наопаку маичките и пижамите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.