Девојчиња меѓу 6 и 10 години под команда на своите родители станаа дел од шоу-бизнисот. Толку мали, тие трпеа сценска шминка, гардероба и беа изложени на сцена… Десетгодишната Хани Бу Бу е еден од доказите дека ужасот на овие девојчиња не престанува ниту кога ќе се изгаснат камерите. Телевизиската ѕвезда која во седмата година учестуваше во емисијата „Тудлерс анд тијарас“ и понатаму со мајката Џун ги посетува местата на кои се собираат ѕвездите од реалните шоуа.
Инаку, нејзиното вистинско име е Алана, а по „Тудлерс анд тијарас“ имаше и свое шоу „Хијр камс хани Бу Бу“ во кое учествуваше целото нејзино семејство.
Мајката на Алана имаше идеја да заработи пари од својата ќерка, а тоа ги згрози психолозите ширум светот. Телевизијата која го емитуваше шоуто „Хијр камс хани Бу Бу“ го прекина снимањето бидејќи дознаа дека мајката Џун Шенон била во врска со осуден педофил Марк Мекданиел. Социјалната служба спроведе истрага во ова семејство кога во емисијата беше прикажано дека малата Алана пие пијалок кој е мешавина од газиран сок и енергетски пијалок, и дека танцува за пари во бар како искусна танчарка. Уште додека беше во реалното шоу, Алана беше полничка, а начинот на живот кој ѝ го дозволи мајка ѝ, ја доведе до ваков изглед:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст