Во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово денеска премиерно ќе биде изведена претставата „Чернодрински се враќа дома“ по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Дамјан Читкушев.
Режисерот Дамјан Читкушев и актерот Марко Богдановски на прес-конференцијата најавија дека со премиерата на оваа претстава во националната установа Тетовски театар ќе почне да функционира нова организациска единица за подготвување и јавно изведување на драмски дела на македонски јазик.
Според најавите на тетовецот Марко Богдановски, кој е дел од актерската екипа, се работи за колективна престава која има за цел да ја разбуди свеста додека стравот, љубовта, моќта на духовната вредност се емоциите и темите кои ќе бидат проткаени низ театарската игра на младите актери. Претставата „Чернодрински се враќа дома“ е заедничко дело на актери од Театар Комедија од Скопје, Драмскиот театар од Скопје и на Тетовскиот тетар, меѓу кои се Благица Димитровска, Крсте Јовановски, Марија Кондовска, Дритон Вејсели, Тино Костадиновски, Марко Богдановски, Георги Нешковски, Ариан Ејупи, Слободан Трендов и други. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите ги изработи Мелани Димитровска, а музиката е на Александар Томески, Марко Галевски, Андреј Караџоски и на Игор Котески. Претставата ќе биде поставена на редовниот репертоар на Тетовскиот театар и репризите ќе бидат одржани во текот на декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст