| четврток, 6 декември 2018 |

„Антолог“ го објави романот „Животот почнува во петок“

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го најавува објавувањето на романот „Животот почнува во петок“ од Јоана Парвулеску. Книгата е добитник на Европската книжевна награда за 2013 година. Преводот е на Ермис Лафазановски.

3546e0a5-7615-423a-b09b-1775611198ef

Во 1897 година на едно поле близу Букурешт е пронајден онесвестен маж. Никој не го познава и секој има различни претпоставки: дали е дојденец од странство кој сака да си ги скрие трагите? Дали е криминалец? Болен човек?

Дејството на овој напнат роман, кој наликува на полициски трилер, со неверојатно живи личности со кои читателот лесно се спријателува, се случува во период од 13 дена, од петок 19 декември, до крајот на годината. Атмосферата на Букурешт од крајот на векот е пренесена небаре на филм. Доволно е да ја отворите книгата и веќе сте таму. Романот е објавен со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската унија.

Јоана Парвулеску е еден од најважните гласови на современата романска книжевност. Дипломирала на Факултетот за книжевност, каде и предава од 1996 година. Докторирала на тема книжевни предрасуди. Преведува од француски и од германски. Членка е на Друштвото на писатели на Романија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top