Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел.
Денеска, како што информираат од неговиот кабинет, претседателот Иванов ќе оствари средба со првиот потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс.
Утре, претседателот Иванов ќе оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, г. Јенс Столтенберг.
Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов со неговите соговорници во Брисел ќе биде интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и во НАТО, како и актуелните состојби поврзани со мигрантската и со бегалската криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани