| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши „Синедејс“, наградата „Златна ѕвезда“ за „Помеѓу 10 и 12“, а „Златно сонце“ за „Снег“

Македонскиот филм „Три дена во септември“, со кој на 12-ти овој месец беше отворен фестивалот, доби награда за најдобро сценарио меѓу филмовите во официјалната селекција. Наградата ја примија сценаристите на филмот Игор Иванов-Изи и Даријан Пејовски

„Помеѓу 10 и 12“, копродукција на Холандија, Белгија и Франција во режија на Петер Хугендорн, е најдобар филм во целина меѓу десетте во официјалната селекција на 14. Фестивал на европски филм „Синедејс“, кој заврши во саботата.

Одлуката за оваа награда ја донесе жирито: Михаела Сирбу, Роелоф Јан Минербо и Владимир Блажевски. Според жирито, „Помеѓу 10 и 12“ е суптилна и прецизна визуелна приказна за тагата која им овозможува на гледачите да бидат дел од патувањето на ликовите, без да наметнува емоции.

Македонскиот филм „Три дена во септември“, со кој на 12 овој месец беше отворен фестивалот, доби награда за најдобро сценарио меѓу филмовите во официјалната селекција. Наградата ја примија сценаристите на филмот Игор Иванов-Изи и Даријан Пејовски.

– Драго ми е за оваа награда, мислам дека сценариото беше една од најважните причини што успеваме да собереме толку прекрасна екипа со нас- рече Пејовски кој е и режисер на филмот.

За најдобар режисер во официјалната селекција беше прогласен Иван Остроховски за словачко-чешкиот филм „Коза“, а Специјално признание за најдобар актер „Синедејс“ му додели на Петер Курт од германскиот филм „Херберт“.

Од шесте филмови во компетиција во програмата „СинеБалкан“ најдобар годинава е бугарско-украинскиот „Снег“ во режија на Венцислав Василев. Според одлуката на жирито во оваа селекција (Дејана Прњат, Мете Созер и Сали Салији) филмот е преполн со егзистенцијална филозофија.

Втора година по ред „Синедејс“ организираше конкурс за филмска критика, на кој од преку 50 пристигнати рецензии, жирито (Влатко Галевски, Ана Поп Стефанија и Васко Маглешов) додели три награди: прва за Марина Верушевска, втора за Ивана Сарош-Нелковска и трета награда за Сашо Пшенко.

Четиринаесеттиот „Синедејс“ заврши со проекција на словенечкиот филм „Шишка Делукс“ во кој партиципира и Македонија.

Годинава, фестивалот понуди повеќе од стотина филмови во неколку програми: покрај Официјалната и СинеБалкан, имаше и програма на музички документарци и кратки филмови, Гала-програма со остварувања на најнаградувани и најпознати режисери оваа година, а во придружната програма беа организирани работилници, панел-дискусии и концерти.

36837a2b-72ad-459b-a310-6428c84a7665

– Во нашата касаб(п)ска т.н. метропола секоја есен така сива и маглива, благодарение на нас, уште повеќе благодарение на нашите водичи и врачеви, „Синедејс“ е единствениот мал зрак и пробив кој влева надеж дека еден ден духовно не ќе бидеме така загадени како што сме овие дни од популарните ПМ10 честички. В година, ова време ќе сме уште поцврсти, поистрајни, попркосни и поголем трн во нечие око бидејќи хигената по правило и без исклучок тешко ја прифаќаат валканите, замастените примероци. Ја најавуваме абразивната програма на 15 „Синедејс“ – вели Златко Стефковски, директор на МКЦ.

Годинешниов „Синедејс“ го сочинуваа преку 100 филма, во три кино-сали, „Милениум“, „Фросина“ и џебното кино на МКЦ. А продадени се повеќе од 20. 000 билети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top