Белгиската полиција уапсила 16 осомничени за тероризам, а главниот исламски терорист, Салах Абдеслам, кој учествувал во убиството на 130 луѓе и во организацијата на нападите во Париз и понатаму е во бегство.
Ситуацијата во текот на вечерта во поширокото опкружување на плоштадот во Брисел била напната, со голем број полицајци на улиците додека се случувале неколку рации во потрага по осомничени.
Во опсежната акција едно лице е уапсено во Шарлроа, а останатите во Брисел, во улиците непосредно до главниот плоштад Гран Плас.
Белгиското обвинителство им се заблагодарило на медиумите и на корисниците на социјалните мрежи што воделе грижа за потребите да се почитува акцијата која била во тек, и како што се вели во соопштението „за следењето на упатствата да не известуваат за движењето на силите за безбедност“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.