
Дваесет нови наслови од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ беа промовирани денеска во Музејот на Внатрешната македонска револуционерна организација, Музеј на жртвите на комунистичкиот режим.
На промоцијата присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, продеканот на Филозофскиот факултет при универзитетот „Свети кирил и Методиј“, професорот Александар Атанасовски од Катедрата по историја на Филозофскиот факултет, историчари, преведувачи….
Најголем дел од книгите што денеска беа промовирани, односно 12 се од делот на светската филозофија и тоа, според премиерот Груевски, реномирани изданија како што се трите тома на „Историјата на филозофијата“ од Фредерик Коплстон, понатаму делата „Религијата како природен феномен“, „Заблудата за Бог, мит и реалност“, „Морални, политички и книжевни есеи“…

– Втората група книги, вкупно шест се дела од областа на историјата кои верувам ќе бидат интересни за многу наши историчари и љубители на историјата затоа што во најголем дел се однесуваат за Македонија и Балканот, а сепак се напишани од луѓе кои не потекнуваат од овие простори. Такви се делата „Југоисточна Европа под Отоманска власт“, „Социјална историја на Византија“, „Византиската јавна архитектура меѓу 4 и раниот 11 век со особен осврт кон градовите на Византиска Македонија“, „Темната страна на националните држави“, „Етничкото чистење во современа Европа“, „Објаснување на римските инспкрипции“ и „Историјата на САД“. Тука се и две дела од психологијата „Како лекува анализата“ и „Психологијата и слободната волја“, кои како и останатите, првпат се преведуваат и печатат на македонски јазик во Република Македонија, појасни Груевски.

Изборот на дела, додаде тој, е правен посебно, внимателно и критички и очекува во истиот дух да бидат примени и опсервирани од нашата јавност и научна заедница.
Преку овој проект досега се промовирани 50 книги, денеска се промовираат нови 20, а за декември премиерот најави промоција на нови 30 дела.
– Она што е заедничко за сите, е што веќе го имаат поминато ситото на светската наука и се имаат докажано како врвни дела во својата област. Таквите карактеристики ги прават вечно барани во секоја развиена земја, а отсега ќе бидат достапни и во Република Македонија, нагласи претседателот на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


