Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов по повод одбележувањето на 22 Ноември, Денот на албанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија.
– Почитувани сограѓани, 22 Ноември го одбележуваме како ден на кој е усвоено современото и единствено албанско писмо. На конгресот во Битола одржан во далечната 1908 година е унифицирана и е усвоена азбуката која денеска се користи како единствено писмо на сите Албанци. Албанскиот јазик е нераскинлив дел од јазичното и културно богатство на Република Македонија. Негувајќи ја културната и етничка разноликост го осознаваме значењето на писмото и јазичниот диверзитет преку кој го јакнеме општеството. Велат јазикот е душата на еден народ, но тој се идентификува преку своето писмо. Азбуката претставува ризница на културата која нè поврзува со минатото и е инспирација за идните генерации, стои во честитката.
Културната историја на Република Македонија, се наведува во честитката, памети многу датуми, датуми за настани кои нè поврзуваат и датуми преку кои учиме едни за други.
– На Битолскиот конгрес, албанските интелектуалци испратиле порака на заедништво, пријателство, доверба и разбирање, кое заеднички го шириме и денеска. На припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија им го честитам Денот на албанската азбука, а на сите граѓани сакам да им порачам дека негувајќи го јазикот и писмото даваме личен придонес кон воздигнувањето на вредностите и особеностите на јазичната култура меѓу народите во светот, стои во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дебар без македонски знамиња за Денот на албанската азбука (фото)
-
Честитка од претседателот Иванов по повод Денот на албанската азбука
-
Албанското малцинство прославува 107 години од унифицирање на албанската азбука
-
Груевски: Овој датум е почит кон целокупната албанска заедница во Република Македонија