Руските сили извршија најжестоки воздушни удари врз позиции на Исламска држава во источна Сирија откако почна војната при што биле извршени над 70 напади во кои загинале најмалку 36 луѓе, соопшти Сирискиот центар за човекови права.
Ударите на руските авиони во источната провинција Деир Езор погодиле цели во градови како и нафтени полиња во најжесток бран бомбардирања од почетокот на конфликтот во март 2011 година.
Најголем дел од таа провинција е под контрола на ИД. Руските сили почнаа со бомбардирање на позиции на ИД на 30 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.