| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Михајловски: Ка­ко џентл­ме­ни со Џамбазов ќе се обидеме да ја разубедиме Весна Петрушевска

Ние акте­ри­те сме ка­ко ви­но кое ста­рее, са­мо да не е отво­ре­но, да не скис­не

Toni-Mihajlovski

Вес­на Пе­тру­шев­ска и Игор Џам­ба­зов под­го­тву­ва­ат ду­о­дра­ма, ко­ја ќе ја рас­ка­же нив­на­та за­ед­нич­ка при­каз­на. За да ис­пол­ни кру­гот со­вр­ше­на, цвр­ста ли­ни­ја, ре­жи­ја­та е во ра­це­те на То­ни Ми­хај­лов­ски. Оче­ку­ва­ња­та и од нив­на стра­на и од стра­на­та на пуб­ли­ка­та се огром­ни, но ни­кој не се сом­не­ва де­ка ќе ги ис­пол­нат. И по­ве­ќе од тоа.

Ка­ко дој­де То­ни Ми­хај­лов­ски во три­о­то што под­го­тву­ва нов про­ект? Џам­ба­зов нај­а­ву­ва­ше де­ка на сце­на би се вра­тил са­мо по­ра­ди те­бе, одед­наш из­ле­зе про­ект со Вес­на, во кој, на кра­јот, се вклу­чи и ти.

Ми­хај­лов­ски: Вле­гов по по­ка­на на двај­ца­та. Уба­ва по­ка­на. Кој не би са­кал да ра­бо­ти со акте­ри ка­ко Игор и Вес­на. Сум ра­бо­тел со двај­ца­та и знам со ко­го имам ра­бо­та. Тоа што јас го имав за­мис­ле­но ка­ко про­ект со Џам­ба­зов оста­ну­ва. Тој по дол­го вре­ме се вра­ќа на сце­на­та, тоа е вред­но за спом­ну­ва­ње, пре­диз­вик е и за пуб­ли­ка­та и за не­го. Знам по се­бе, ко­га чо­ве­кот ќе на­пра­ви го­ле­ма па­у­за од сце­на­та, со­би­ра но­во искус­тво и са­ка да го ис­пу­ка од се­бе, прем­но­гу аку­му­ли­ра. Ве­ру­вам де­ка тоа му се слу­чу­ва и на Игор. Тоа ќе би­де не­кој нов Игор, си­гур­но низ го­ди­ни­те не­го­ви­те пог­ле­ди за актерс­тво­то се про­ме­не­ти. Ние акте­ри­те сме ка­ко ви­но кое ста­рее, са­мо да не е отво­ре­но, да не скис­не. За Вес­на што да ка­же­ме, вле­гу­ва во оние актер­ки што оста­ви­ле го­лем ба­гаж зад се­бе.

vesna-igotr-hitportal

Вес­на ре­че де­ка вие фра­е­ри­шта­та тре­ба да се сог­ла­си­те со тек­стот од кој ѝ ла­зат мор­ни­ци.
Ми­хај­лов­ски: Ка­ко џентл­ме­ни ќе ѝ ја ис­пол­ни­ме жел­ба­та, но ќе про­ба­ме да ја раз­у­бе­ди­ме.

Ми­хај­лов­ски ка­ко ре­жи­сер.
Ми­хај­лов­ски: Сѐ уште не­мам ма­ги­стри­ра­но, заг­ла­вив на два ис­пи­та, но ќе би­де и тоа. Со ва­ква еки­па, кој би­ло текст мо­же да се про­из­не­се на сце­на и тоа да прив­ле­че вни­ма­ние. Се ра­бо­ти за текст по кој до­се­га се игра­ло прет­ста­ви, но бит­но е ка­ко ние ќе го скло­пи­ме тоа, во кој жанр ќе го прет­ста­ви­ме. По­ра­ка мо­же да се ис­пра­ти од се­ка­де, од по­шта, на „Фејс­бук“, пре­ку СМС, на ме­ил. Те­а­та­рот е за­ба­ва. И нај­страш­ни­те ра­бо­ти тре­ба да ги прет­ста­ви­ме на еден по­и­на­ков на­чин, да со­др­жи и по­за­ба­вен дел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top