Читателите на машкиот магазин „Аскмен“ секоја година ја бираат најсексапилната жена во светот, а овој пат, титулата и припадна на холивудската актерка Софија Вергара…
Иако во анкетата, како и секоја година учествуваат преку милион читатели, Вергара оваа година убедливо дојде до првото место.
Второто место го зазеде манекенката со занесни облини, Кејт Аптон, а третото место и припадна на актерката Руни Мара.
На колумбиската убавица Софија Вергара (42) ова не и е прв пат да се најде на топ листите на најубави или најсексапилни жени во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








