| четврток, 6 декември 2018 |

Kолку пари потрошиле терористите за нападот во Париз?

Терористите, кои убија 129 луѓе во француската престолнина и предизвикаа серија жестоки воздушни напади во Сирија и засилени мерки во целиот свет, потрошиле најмалку седум илјади евра за организирање на нападите во француската престолнина, тврди„Ројтерс“.

pariz2

Терористите за нападот  имале издатоци за калашникови и муниција, самоубивачки градници од рачна изработка, изнајмени  хотелски соби и автомобили, така што со релативно мали износи, убиле огробен број луѓе, предизвикувајќи хаос и страв, наведува британска агенција.
Британската агенција потсетува дека , според пресметките на независната комисија, нападите на Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 Ал Каеда ја чинеле 400 и 500 илјади американски долари.Ројтерс наведува дека во пресметката  за париските напади не е пресметана сумата која евентуално им била исплатена на терористите надвор од Франција и Белгија кои учествувале во нападот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top