Владата ќе вработи 1.600 лица во јавниот сектор од социјално загрозени семејства, најави денеска премиерот Никола Груевски.
Планирано е да се вработуваат по 400 луѓе од четири категории – долгорочно невработени, преку десет години, лица од многудетни семејства, лица од самохрани и еднородителски семејства, како и лица од семејства без ниту еден вработен.
При вработувањето ќе се примени принципот на еднаква и правична застапеност.
Груевски информира дека Владата подготвува и нов закон за администрација, со кој ќе се третира начинот на вработување. Ќе се применуваат строги критериуми во согласност со стручноста и компетентноста на кандидатите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии