Републичкиот совет за безбедност на патиштата (РСБСП) ги повика граѓаните со свои идеи директно да учествуваат во креирање на програмата за 2016 за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.
– Пешаците, велосипедистите и шоферите кои и најдобро ја познаваат состојбата на патиштата и се сведоци на голем број ситуации што се случуваат на улиците, ќе можат да помогнат и да ги споделат своите идеи кои би се употребиле во кампањите на РСБСП, се со една единствена цел, а тоа е безбедно да се чуствуваме на патишата, без разлика дали сме пешак, велосипедист или шофер, соопшти РСБСП.
Посочуваат дека ваквиот процес на консултација со граѓаните е со цел креирање и промоција на квалитетни политики во кои индивидуалниот пристап и придонес е клучот за подобрување на безбедноста во сообраќајот.
Граѓаните своите идеи ќе можат да ги споделат на линкот на РСБСП http://rsbsp.org.mk/vashi-predlozi-i-komentari.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст