Македонскиот репрезентативец и еден од носителите на играта во националниот состав, Наумче Мојовски вчера потпиша договор со романскиот тим ЦСМ Букурешт. Македонскиот бек во последните неколку дена преговараше со тимот од романскиот главен град, за вечерва и официјално да го стави својот потпис на договорот.
Тој ова го потврди за спортскиот портал Екипа, напоменувајќи дека е задоволен што ќе игра во Романија за амбициозниот клуб од главниот град.
– По попладневниот тренинг и официјално го ставив својот потпис на договорот со ЦСМ Букурешт. Станува збор за квалитетна екипа која е многу амбициозна и со нетрпение очекувам да почнам да настапувам за неа. За жал, не стигнавме да го потпишеме договорот навреме за да можам да играм во ЛШ, па право за настап во европските купови ќе добијам дури во 2016 година. Би сакал да му се заблагодарам на Звонко Шундовски за укажаната доверба и помошта при реализацијата на овој трансфер – изјави Наумче Мојсовски за ЕКИПА.
Наоѓањето на клуб е добра вест и за македонскиот национален тим, со оглед на фактот дека помошта на Мојсовски ќе биде добредојдена за време на ЕП 2016 во Полска.
– Разговарав со селекторот Обрван и пред последниот собир на репрезентацијата, исто така и пред неколку дена и разговаравме околу националниот тим. Тој веќе порача дека во комбинација за ЕП ќе бидат оние играчи кои ќе бидат максимално подготвени, но тоа не е проблем, јас сум убеден дека ќе бидам во топ-форма и ќе можам да помогнам во обид да стигнеме до добар резултат на претстојниот европски шампионат. Се чувствувам добро и очекувам во најскоро време да дебитирам за ЦСМ, имам сосема доволно време за да влезам во натпреварувачки ритам до шампионатот во Полска – истакнува Мојсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент