Во американскиот воздушен напад на објект на терористичката организаија Исламска држава во Ирак во март убиени се четири цивили, меѓу кои и едно дете, се наведува во извештајот на американскта војска.
Истражните органи заклучиле дека контролниот пункт на ИД бил мета на нападот и не е прекршено меѓународното право.
Четирите цивили се појавиле зад две возила паркирани во близина на контролниот пункт, откако борбениот авион почнал да го спроведува воздушниот напад.
Во моментот кога бил одобрен нападот, не било познато дали цивилите се во возилата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.