| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесет години од мировниот договор во Дејтон

Војната во Босна и Херцеговина заврши со потпишување на Дејтонскиот мировен договор на 21 ноември 1995 година. Договорот беше потпишан од тогашните претседатели на БиХ, на Хрватска и на Србија, Алија Изетбеговиќ, Фрањо Туѓман и Слободан Милошевиќ.

dejtonski-dogovor2

 

Со договорот парафиран во воената база во Дејтон по тринеделни преговори со посредство на САД, БиХ е поделена по принципот 51 проценти на Федерација БиХ и 49 отсто на Република Српска, а воспоставен е и посебен Дистрикт Брчко.

Дејтонскиот договор има вкупно 11 анекси, со кои се опфатени воените, политичките и цивилните аспекти на мировниот договор, како и регионалната стабилизација. Анексот четири денес е Устав на БиХ. Договорот постигнат во Дејтон, Милошевиќ, Туѓман и Изетбеговиќ официјално го потпишаа три недели подоцна на 14 декември 1995 година во Париз.

Ориганалниот документот е загубен. Две децении од потпишувањето, договорот различно се интерпретира ­ од неприменлив, до надминат и непотребен поради што политичарите во БиХ повторно зборуваат за негова ревизија. Сите тројца потписници се починати. Почина и поранешниот меѓународен пратеник за Балканот и „автор“ на Дејтонскиот договор американскиот дипломат Ричард Холбрук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top