| четврток, 6 декември 2018 |

Алжирскиот исламист Белмохтар стои зад нападот во Мали

Алжирскиот исламист Мохтар Белмохтар, лидер на групата „Ал Мурабитун”, без сомнение стои зад нападот во хотелот„”Радисон Блу” во престолнината на Мали, Бамако, изјави францускиот министер за одбрана Жан-Ив ле Дриан.

al(4)

– По него одамна се трага во повеќе земји и без сомнение стои зад нападот – изјави министерот пред медиумите.

При заложническата криза загинаа најмалку тројца терористи кои беа убиени или се саморазнесоа, како и најмалку 27 заложници, дел персонал, дел гости во хотелот, соопшти воен извор, цитиран од француските медиуми.

Засега нема податоци за националноста на жртвите. Продолжува потрагата по уште тела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top