| четврток, 6 декември 2018 |

Марија Хаџи-Лега, директорка на ГАК: Многу е важно скенирањето во првото тримесечје на трудницата

Директорката на ГАК, Марија Хаџи-Лега вели дека е многу важно воведување на скенирањето во првото тромесечје кај бремените жени.

Dir Marija Hadzilega (2) (Custom)

-Интензивно бевме вклучени во изготвување во упатствата  за антенатална грижа, односно грижата за мајката во текот на бременоста. Интензивно бевме вклучени во едукација и на лекарите-специјалисти по семејна медицина и матичните гинеколози за имплементирање на овие упатства кои ќе резултираат за уште поголемо намалување на стапката на морталитет и пред се би сакала да го потенцирам значењето на воведување на скринингот во прв триместар, рече директорката.

На тој начин би се селектирале високоризичните трудници уште во првите три месеци од бременоста.

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство интензивно е вклучена во креирање на  перинаталната политика, заедно со Комитетот за безбедно мајчинство во кој членуваат врвни експерти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top