| четврток, 6 декември 2018 |

Борбата за независност на Каталонците и на Шкотите продолжува

Се­па­ра­ти­стич­ки­те дви­же­ња про­дол­жу­ва­ат да се про­ши­ру­ва­ат низ це­ла Евро­па. Се­па­ра­ти­стич­ки­от им­пулс во раз­лич­ни сте­пе­ни се про­те­га на де­ло­ви од Ита­ли­ја, Бел­ги­ја, Фран­ци­ја, Ро­ма­ни­ја и - нај­се­ри­оз­но во мо­мен­тов - во Шпа­ни­ја и во Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја. Во Шпа­ни­ја, Ка­та­ло­ни­ја оваа не­де­ла про­дол­жи со све­че­но об­ја­ву­ва­ње на по­че­то­кот на про­це­сот на стек­ну­ва­ње не­за­вис­ност, по­тег што шпан­ски­от Уста­вен суд, нај­ве­ро­јат­но, ќе го бло­ки­ра. Во ме­ѓу­вре­ме, во Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, ед­на го­ди­на отка­ко 55 про­цен­ти од Шко­ти­те гла­саа да оста­нат дел од Уни­ја­та, ан­ке­ти­те по­ка­жу­ва­ат де­ка има дви­же­ње кон гла­са­ње­то „за“ от­це­пу­ва­ње, а Вест­мин­стер до­не­су­ва за­ко­ни кои, нај­ве­ро­јат­но, ќе ги вло­шат вна­треш­ни­те по­дел­би

Зо­што мо­мент­ни­те сил­ни се­па­ра­ти­стич­ки тен­ден­ции на Шкот­ска и на Ка­та­ло­ни­ја се исто тол­ку по­вр­за­ни со поп­ла­ки­те од ми­на­то­то ка­ко што се со се­гаш­ни­те фа­кто­ри?

 

Пос­ле­ди­ци­те од от­це­пу­ва­ње

Раз­би­ра­ње­то на те­ков­ни­те дви­же­ња во Ка­та­ло­ни­ја и во Шкот­ска ба­ра пр­во да се раз­бе­ре што зна­чи за еден ре­ги­он да ста­не сво­ја сопс­тве­на др­жа­ва. Ге­о­по­ли­ти­ка­та е изу­чу­ва­ње стра­те­гии пре­зе­ме­ни од стра­на на гру­пи лу­ѓе. Тие стра­те­гии се збир на це­ли зац­вр­сте­ни со огра­ни­чу­ва­ња; стра­те­ги­ја­та што се усво­ју­ва на крај е нај­е­фе­ктив­на­та на рас­по­ла­га­ње. Со до­не­су­ва­ње од­лу­ка за от­це­пу­ва­ње, ре­ги­о­нот или др­жа­ва­та пра­ви ко­ле­ктив­на про­цен­ка де­ка по­тре­би­те на на­се­ле­ни­е­то ќе би­дат по­до­бро за­до­во­ле­ни над­вор од зем­ја­та-до­ма­ќин откол­ку да оста­не дел од по­го­ле­ма­та це­ли­на. За да би­де тоа точ­но, тре­ба да се зе­мат пред­вид и пос­ле­ди­ци­те од от­це­пу­ва­ње­то.

Че­сто, са­ми­от про­цес на от­це­пу­ва­ње се по­ка­жу­ва де­ка ска­по чи­ни, би­деј­ќи зем­ја­та-до­ма­ќин го гле­да гу­бе­ње­то на еден ре­ги­он ка­ко ос­ла­бу­ва­ње на це­ли­на­та, па та­ка се оби­ду­ва да го спре­чи тоа (иа­ко по­сто­јат при­ме­ри на мир­ни по­дел­би). Ре­зул­та­ти­те мо­же да би­дат до­ста кр­ва­ви, ка­ко што се слу­чи со от­це­пу­ва­ње­то на Исто­чен Па­ки­стан, де­не­шен Банг­ла­деш, во 1971 го­ди­ни. Оби­дот на Би­ја­фра за от­це­пу­ва­ње од Ни­ге­ри­ја во 1967 го­ди­на, исто та­ка, по­ка­жу­ва де­ка по­не­ко­гаш мо­же да се про­лее крв без да се исп­ла­ти не­за­вис­но­ста.

Не­до­ста­то­ци­те на ед­но ус­пеш­но от­це­пу­ва­ње че­сто­па­ти се и ди­ре­ктен ре­зул­тат на на­ма­лу­ва­ње­то во го­ле­ми­на. Ка­ко по не­пи­ша­но пра­ви­ло, кол­ку што е по­го­ле­ма др­жа­ва­та, тол­ку по­ве­ќе вли­ја­ние има на гло­бал­на­та сце­на. На при­мер, те­шко е да се за­мис­ли ка­ко еден др­жав­ја­нин на не­за­вис­на Гру­зи­ја ѝ се спро­тив­ста­ву­ва на мо­ќта на Гру­зи­е­цот Јо­сиф Ста­лин, ко­га тој бе­ше ли­дер на це­ли­от Со­вет­ски Со­јуз. Исто та­ка, ед­на ма­ла зем­ја е мно­гу по­под­лож­на на вли­ја­ни­е­то од над­во­реш­ни­те си­ли, без раз­ли­ка да­ли тоа се штет­ни те­ко­ви на ка­пи­тал, во сво­ја­та ва­лу­та и над­вор од неа, или мо­же­би ко­га еден го­лем тр­гов­ски парт­нер ја при­ну­ду­ва да ги сле­ди не­го­ви­те по­ли­ти­ки. По­крај тоа, по­го­ле­ма е ве­ро­јат­но­ста ед­на ма­ла др­жа­ва да до­жи­вее агре­си­ја од дру­ги си­ли откол­ку од таа од ко­ја се от­це­пи­ла – си­ли кои не би мо­же­ле да ја на­пад­нат ко­га би­ла дел од зем­ја­та-до­ма­ќин. Ки­пар го откри тоа во 1974 го­ди­на, ко­га Тур­ци­ја из­вр­ши ин­ва­зи­ја на Ки­пар 14 го­ди­ни отка­ко се от­це­пи од Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја.

От­це­пу­ва­ње­то, исто та­ка, зна­чи соз­да­ва­ње но­ва гра­ни­ца со по­ра­неш­на­та зем­ја-до­ма­ќин, ко­ја обич­но е глав­ни­от тр­гов­ски парт­нер на от­це­пе­ни­от ре­ги­он. Истра­жу­ва­ња­та по­ка­жу­ва­ат де­ка гра­ни­ци­те во го­ле­ма ме­ра ја по­пре­чу­ва­ат тр­го­ви­ја­та. Исто та­ка, по­сто­јат тро­шо­ци за соз­да­ва­ње на ин­сти­ту­ци­и­те од јав­ни­от се­ктор што прет­ход­но се ко­ор­ди­ни­ра­ле од стра­на на на­ци­о­нал­ни­от ка­пи­тал.

Од по­зи­тив­на­та стра­на, ед­на по­ма­ла еди­ни­ца мо­же да би­де по­ус­пеш­на во гло­бал­ни пра­ша­ња, а по­ма­ла­та вид­ли­вост ѝ овоз­мо­жу­ва да из­бег­не по­го­ле­ми не­сог­ла­су­ва­ња. Зго­ра на тоа, по­го­ле­ми­те др­жа­ви са­ка­ат да има­ат по­бо­га­ти и по­си­ро­маш­ни ре­ги­о­ни, ка­де што пр­ви­те ги суб­вен­ци­о­ни­ра­ат вто­ри­те. Еден по­бо­гат ре­ги­он, при по­дел­ба мо­же да го из­бег­не из­др­жу­ва­ње­то по­си­ро­маш­ни ре­ги­о­ни. На крај, еден по­мал ре­ги­он ќе има по­го­ле­ма тен­ден­ци­ја да ја раз­ви­ва кул­ту­ра­та од по­го­ле­ми­от, што ќе до­ве­де до по­сил­но чув­ство на при­пад­ност кај на­се­ле­ни­е­то. Всуш­ност, тоа мо­же да би­де гла­вен дви­га­тел за жел­ба­та за от­це­пу­ва­ње, а че­сто е и нај­моќ­на­та ала­тка на по­ли­ти­ча­ри­те што ба­ра­ат под­др­шка за от­це­пу­ва­ње.
На тој на­чин, слу­ча­јот за от­це­пу­ва­ње ста­ну­ва ка­ко би­ланс на со­стој­ба во ко­ја си­ли­те за не­за­вис­ност се од­ме­ру­ва­ат со си­ли­те за не­пре­ки­на­та уни­ја. Ко­га си­ли­те за уни­ја се по­те­шки од тие за от­це­пу­ва­ње, оста­ну­ва си­ту­а­ци­ја ста­тус кво, но ка­ко што се по­ме­сту­ва рам­но­те­жа­та, се пра­ви че­кор на­пред на па­тот кон от­це­пу­ва­ње.

 

Слу­ча­јот со Шкот­ска и со Ка­та­ло­ни­ја

Ко­ре­ни­те на шкот­ски­от се­па­ра­ти­зам ле­жат во ге­о­гра­фи­ја­та. Отка­ко Рим­ја­ни­те из­вр­ши­ле ин­ва­зи­ја врз Бри­та­ни­ја во 43 го­ди­на, тие за бр­зо вре­ме ги ко­ло­ни­зи­ралe плод­ни­те рам­ни­ни на Анг­ли­ја и ги ми­ли­та­ри­зи­ра­ле пла­нин­ски­те те­ри­то­рии на Велс и на Се­вер­на Анг­ли­ја. Но, на кра­јот сфа­ти­ле де­ка не мо­жат да го сто­рат тоа и со пла­нин­ски­те пре­де­ли на Шкот­ска, па од­лу­чи­ле да по­диг­нат ѕид за да ги за­др­жат ди­ви­те шкот­ски пле­ми­ња над­вор од нив­на­та те­ри­то­ри­ја. Та­ка Шкот­ска (за­ед­но со Ир­ска) се раз­ви­ле да­ле­ку од Лон­дон.

Во спо­ред­ба со Обе­ди­не­то­то Кралс­тво, Шпа­ни­ја е мно­гу по­ге­о­граф­ски де­цен­тра­ли­зи­ра­на. По­де­ле­на е со пла­ни­ни и со до­ли­ни и има не­до­ста­ток од плов­ни ре­ки, што ја по­пре­чу­ва ко­му­ни­ка­ци­ја­та во вна­треш­но­ста на по­лу­о­стро­вот. Тоа зна­чи де­ка цен­та­рот отсе­ко­гаш се оби­ду­вал да се на­мет­не на пер­и­фе­ри­ја­та.

Два­та ре­ги­о­на има­ат го­ле­ма исто­ри­ска слич­ност: ни­ту Шкот­ска ни­ту Ара­гон (во тоа вре­ме еден вид Го­ле­ма Ка­та­ло­ни­ја) не би­ле осво­е­ни од Анг­ли­ја или од Ка­сти­ли­ја; всуш­ност, се­кој ре­ги­он сло­бод­но из­брал да фор­ми­ра дел од по­го­ле­ма це­ли­на.

Во 1707 го­ди­на, Шкот­ска, ко­ја ни­ко­гаш не би­ла бо­га­та зем­ја, бан­кро­ти­ра­ше со ка­та­стро­фал­ни­от обид за ко­ло­ни­за­ци­ја на Па­на­ма. Со обе­ди­ну­ва­ње со Анг­ли­ја ви­де мож­ност да до­бие при­стап до ме­ѓу­на­род­на­та им­пе­ри­ја на таа зем­ја. (Еден век пред тоа, анг­ли­ски­от крал умрел без де­ца, оста­вај­ќи шкот­ски крал да вла­дее со две­те зем­ји.)

Од сво­ја стра­на, во 1492 го­ди­на, Ара­гон – кој са­мо што до­жи­веа раз­ур­ну­вач­ка гра­ѓан­ска вој­на – гле­да­ше ка­ко сво­јот ка­сти­ли­јан­ски со­сед по­сте­пе­но го ап­сор­би­ра оста­то­кот од по­лу­о­стро­вот. Пет­те ми­ли­о­ни лу­ѓе на Ка­сти­ли­ја го за­се­ни­ја ми­ли­о­нот на Ара­гон. Со прик­лу­чу­ва­ње­то кон по­го­ле­ми­от со­сед, Ара­гон си ре­ши не­кол­ку проб­ле­ми. Пр­во, тоа му по­мог­на да се до­го­во­ри со фран­цу­ски­от крал, кој по­се­га­ше по Пи­ри­не­и­те. (Ка­та­ло­ни­ја го дол­жи сво­е­то ра­ѓа­ње на прет­ход­но вме­шу­ва­ње од се­вер, ко­га Фран­цу­зи­те са­каа да ги вра­тат за­гро­зу­вач­ки­те Ма­ври до­лу на Пи­ри­неј­ски­от По­лу­о­стров во по­че­то­кот на 9 век; ка­ра­кте­ри­стич­ни­от ка­та­лон­ски ја­зик, кој го зац­вр­сту­ва иден­ти­тет на ре­ги­о­нот, се по­ја­ви ка­ко ре­зул­тат на тие фран­цу­ско-пи­ри­неј­ски ко­ре­ни.) Исто та­ка, го до­не­се ме­ди­те­ран­ски­от Ара­гон поб­ли­ску до про­зо­ре­цот кон Ат­лант­ски­от Оке­ан, ка­де што бе­ше и на­со­чен фо­ку­сот на свет­ска­та тр­го­ви­ја во тоа вре­ме. И му да­де на Ара­гон мож­ност да пре­зе­ме це­лос­на кон­тро­ла: ара­гон­ски­от крал вла­де­е­ше со спо­е­ни­те др­жа­ви ка­ко ре­гент сѐ до 1515 го­ди­на.

Низ ве­ко­ви­те што сле­ду­ваа, Шкот­ска има­ше зна­чи­тел­ни при­до­би­вки од со­ју­зот со Анг­ли­ја, со Глаз­гов и со Дан­ди, ста­ну­вај­ќи ва­жен про­из­водс­твен цен­тар во ин­ду­стри­ја­ли­зи­ра­на­та Бри­тан­ска им­пе­ри­ја.

Ка­та­ло­ни­ја, пак, се нај­де во вој­на со Ма­дрид. Со­е­ди­ну­ва­ње­то на Ка­сти­ли­ја и на Ара­гон до­не­ка­де бе­ше со­јуз на рам­но­мер­ни си­ли, а со тоа на Ара­гон му бе­ше доз­во­ле­но да за­др­жи мно­гу од сво­и­те по­себ­ни пра­ва, при­ви­ле­гии и авто­но­ми­ја. Но, ка­ко што зла­то­то од Но­ви­от свет поч­на да вле­гу­ва во Ма­дрид и во Се­вил­ја, ка­сти­ли­јан­ски­от цен­тар ста­на по­мо­ќен во од­нос на ка­та­лон­ска­та пер­и­фе­ри­ја и поч­на да по­сег­ну­ва по тие при­ви­ле­гии во обид да се цен­тра­ли­зи­ра вла­ста – стив­ну­вај­ќи ги ка­та­лон­ски­те при­го­во­ри со во­е­на си­ла. Но, опа­ѓа­ње­то на Шпан­ска­та им­пе­ри­ја ја сме­ни таа рам­но­те­жа: ка­ко еден од ре­тки­те ин­ду­стри­ја­ли­зи­ра­ни шпан­ски ре­ги­о­ни, Ка­та­ло­ни­ја се нај­де во по­зи­ци­ја да се на­мет­ну­ва уште ед­наш. За вре­ме на Шпан­ска­та гра­ѓан­ска вој­на од 1936 до 1939 го­ди­на, Ма­дрид при­вре­ме­но го свр­ти трен­дот на зго­ле­му­ва­ње­то на ка­та­лон­ска­та на­мет­ли­вост, но таа по­втор­но се по­ја­ви по смрт­та на Фран­ко во 1975 го­ди­на.

Де­нес и во Шкот­ска и во Ка­та­ло­ни­ја, би­лан­сот што ги еви­ден­ти­ра тро­шо­ци­те и при­до­би­вки­те од от­це­пу­ва­ње­то нас­про­ти Уни­ја­та се ме­ну­ва во ко­рист на от­це­пу­ва­ње­то. Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја се­га е сен­ка на не­ко­гаш­на­та им­пе­ри­ја, со на­ма­ле­на тр­гов­ска мре­жа врз ко­ја не­ко­гаш се раз­ви­ваа шкот­ски­те гра­до­ви. Што е уште по­ло­шо, се чи­ни де­ка бри­тан­ска­та еко­но­ми­ја сѐ по­ве­ќе и по­ве­ќе се на­со­чу­ва кон обез­бе­ду­ва­ње фи­нан­си­ски ус­лу­ги над­вор од Лон­дон, овоз­мо­жу­вај­ќи ѝ на цен­трал­на­та об­ласт да прив­ле­че по­го­лем дел од ка­пи­та­лот и од ам­би­ци­оз­ни­те дип­ло­ми­ра­ни сту­ден­ти. Нај­пос­ле, откри­ва­ње­то на на­фта­та во бли­зи­на на шкот­ски­от брег во 1969 го­ди­на прет­ста­ву­ва ос­но­ва за не­за­вис­но шкот­ско бо­гат­ство.

Во ме­ѓу­вре­ме, Шпа­ни­ја се бо­ри со стап­ка­та на не­вра­бо­те­ност од пре­ку 20 про­цен­ти за че­ти­ри го­ди­ни и има ни­во на ја­вен долг од 98 про­цен­ти од БДП. Тоа пре­диз­ви­ка бран на не­за­до­волс­тво низ це­ла­та зем­ја. Ка­та­ло­ни­ја, ко­ја по­ве­ќе ста­ва во на­ци­о­нал­на­та ка­са откол­ку што при­ма на­зад, чув­ству­ва де­ка ги суб­вен­ци­о­ни­ра по­си­ро­маш­ни­те јуж­ни де­ло­ви на зем­ја­та, по­ра­ди што мно­гу Ка­та­лон­ци ве­ру­ва­ат де­ка ќе им би­де по­до­бро во не­за­вис­на Ка­та­ло­ни­ја. Та­кви­те ве­ру­ва­ња се зго­ле­ми­ја ко­га шпан­ски­от Уста­вен суд го отфр­ли пред­ло­гот за по­го­ле­ма авто­но­ми­ја на Ка­та­ло­ни­ја во 2006 го­ди­на.

svet167scotland-catalonia-2

По­го­ле­ма­та сли­ка

От­ста­пу­вај­ќи од спе­ци­фи­ки­те на шкот­ски­от и на ка­та­лон­ски­от се­па­ра­ти­зам, се откри­ва де­ка ис­чез­ну­ва­ат мно­гу од си­ли­те што се ко­ри­стеа за да се за­др­жат не­пос­луш­ни­те ре­ги­о­ни во За­ли­вот.

Во ра­ни­те го­ди­ни на 20 век се слу­чи пре­сврт во вр­ска со тоа, со гло­бал­ни ге­о­по­ли­тич­ки имп­ли­ка­ции. По ужа­си­те од Пр­ва­та свет­ска вој­на све­тот из­ле­зе со ан­ти­па­ти­ја кон им­пе­ри­ја­лиз­мот; Вто­ра­та свет­ска вој­на го за­си­ли тоа чув­ство. Про­гра­ма­та од 14 точ­ки за мир во све­тот на по­ра­неш­ни­от аме­ри­кан­ски пре­тсе­да­тел Ву­дроу Вил­сон од 1918 го­ди­на бе­ше по­вик за са­мо­о­пре­де­лу­ва­ње. Тоа плус гло­бал­но­то не­о­до­бру­ва­ње што го до­жи­ве­а­ја зем­ји­те ка­ко Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја и Фран­ци­ја во 20 век, ко­га се оби­доа да ги за­др­жат сво­и­те им­пе­рии со упо­тре­ба на си­ла, пре­диз­ви­каа гло­бал­на кли­ма во ко­ја е мно­гу те­шко за ед­на за­пад­на зем­ја да ја на­мет­не сво­ја­та вол­ја врз ед­на гру­па се­па­ра­ти­сти. Тоа ги на­ма­ли ри­зи­ци­те од мож­ни при­ти­со­ци за не­за­вис­ност, ко­га че­сто­па­ти се­па­ра­ти­сти­те при­сил­но се стив­ну­ва­ат од стра­на на цен­та­рот.

Но, уште ед­на, мно­гу спе­ци­фич­на си­ла исто та­ка ја по­ме­сту­ва ва­га­та кон от­це­пу­ва­ње, си­ла што ги оп­кру­жу­ва и Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја и Шпа­ни­ја, а да не збо­ру­ва­ме за се­вер­на Ита­ли­ја, Флан­дри­ја и дру­ги­те се­па­ра­ти­стич­ки др­жа­ви во Евро­па: име­но, и са­ма­та Европ­ска уни­ја. Тоа е та­ка за­тоа што со са­мо­то по­сто­е­ње, Европ­ска­та уни­ја ре­ша­ва мно­гу од проб­ле­ми­те на ма­ли­те зем­ји со кои се со­о­чу­ва­ат по­тен­ци­јал­ни­те се­па­ра­ти­сти.

Со ста­ну­ва­ње­то член­ка на ЕУ, ед­на ма­ла на­ци­ја мо­же да го за­др­жи сво­е­то гло­бал­но вли­ја­ние ду­ри и отка­ко ќе се од­вои од сво­ја­та зем­ја-до­ма­ќин. Всуш­ност, ед­на ма­ла на­ци­ја ги има си­те шан­си за ста­ва­ње на еден од сво­и­те со­на­род­ни­ци на вр­вот на це­ла­та стру­кту­ра, ка­ко што е пре­тсе­да­те­лот на Ко­ми­си­ја­та, Жан Клод Јун­кер од Лу­ксем­бург. Стра­ву­ва­ња­та за тр­го­ви­ја­та се до­не­ка­де уб­ла­же­ни со авто­мат­ско членс­тво во единс­тве­ни­от па­зар, а ако транс­ат­лант­ска­та тр­го­ви­ја и пре­го­во­ри­те за ин­ве­сти­ции ус­пе­ат, при­ста­пот до аме­ри­кан­ски­от па­за­рот во САД ќе им би­де, исто та­ка, обез­бе­ден. Во ме­ѓу­вре­ме, усво­ју­ва­ње­то на евро­то ре­ша­ва по­тен­ци­јал­ни проб­ле­ми со ва­лу­та­та. И од во­е­на глед­на точ­ка, те­шко е да се за­мис­лат сце­на­ри­ја ка­ко што бе­ше ин­ва­зи­ја­та на Тур­ци­ја врз Ки­пар, до­кол­ку таа бе­ше член­ка на ЕУ во тоа вре­ме. Та­ка, раз­во­јот на Европ­ска­та уни­ја по­сте­пе­но го по­до­бру­ва слу­ча­јот за от­це­пу­ва­ње.

За не­сре­ќа на по­тен­ци­јал­ни­те се­па­ра­ти­сти, се­пак, не е сѐ та­ка ро­зо­во ка­ко што изг­ле­да. Ка­ко пр­во, се­гаш­но­то членс­тво во ЕУ е мно­гу ан­ти­се­па­ра­ти­стич­ки на­стро­е­но, најм­но­гу по­ра­ди тоа што мно­гу член­ки мо­ра да се со­о­чат со сопс­тве­ни­те проб­ле­ма­тич­ни ре­ги­о­ни. Др­жа­ви­те што са­ка­ат да се от­це­пат би мо­же­ле да би­дат уце­ну­ва­ни со членс­тво­то во ЕУ. Ед­на ма­ла не­за­вис­на др­жа­ва во ср­це­то на Евро­па, но не и дел од Уни­ја­та на­ви­сти­на мо­же да има мно­гу оса­мен жи­вот; по­сто­е­ње­то на Ко­со­во во цен­та­рот на Бал­ка­нот ка­жу­ва пре­ду­пре­ду­вач­ка при­каз­на. Те­шко е да се за­мис­ли та­ква др­жа­ва оп­кру­же­на со Европ­ска­та уни­ја да истрае, но мож­но­ста сѐ уште ги сто­пи­ра се­па­ра­ти­сти­те.

Вто­ра­та опас­ност е тоа што са­ма­та Европ­ска уни­ја мо­же­би не­ма веч­но да по­стои. Од 2008 го­ди­на, Уни­ја­та е во кри­за. Со­ста­но­кот на Европ­ски­от со­вет во де­кем­ври, што ќе вклу­чу­ва ди­ску­сии за ид­ни­на­та на Уни­ја­та, изг­ле­да ќе би­де пол­на со пред­ме­ти, со ши­ро­ки праз­ни­ни по­ме­ѓу фран­цу­ски­те и гер­ман­ски­те по­зи­ции. Гер­ма­ни­ја го по­ми­на по­го­ле­ми­от дел од го­ди­на­та за­шти­ту­вај­ќи се од мож­на раз­реш­ни­ца, пр­во од­би­вај­ќи да ги здру­жи ри­зи­ци­те во по­ли­ти­ка­та на Европ­ска­та цен­трал­на бан­ка за ку­пу­ва­ње об­врз­ни­ци, а се­га им се спро­тив­ста­ву­ва на ба­ра­ња­та да се обе­ди­ни оси­гу­ру­ва­ње­то на де­по­зи­ти­те на бан­ки­те во евро­зо­на­та. Во ме­ѓу­вре­ме, Обе­ди­не­то­то Кралс­тво на ед­на стра­на ја ста­ва сво­ја­та за­гри­же­ност за чо­ве­ко­ви­те пра­ва и агре­сив­но ѝ се дод­во­ру­ва на Ки­на, без сом­не­ние со мож­ност за на­пу­шта­ње на Европ­ска­та уни­ја во на­ред­ни­от ре­фе­рен­дум. Та­ка, мо­же да се слу­чи ед­на но­ва не­за­вис­на др­жа­ва да пот­пол­ну­ва ап­ли­ка­ци­ја за Европ­ска­та уни­ја што по­ве­ќе не по­стои.

Ка­ко што по­ка­жа ми­на­то­го­диш­ни­от ре­фе­рен­дум во Шкот­ска (45 про­цен­ти „за“) и ка­та­лон­ски­те из­бо­ри во сеп­тем­ври (48 про­цен­ти за про­се­па­ра­ти­стич­ки­те пар­тии), глав­на­та кни­га сѐ уште не по­ка­жу­ва во ко­рист на от­це­пу­ва­ње, но пре­ов­ла­ду­ва­ат струи што дви­жат во тој пра­вец. Сѐ до­де­ка по­сто­јат тие струи и про­дол­жу­ва­ат да се от­стра­ну­ва­ат ба­ри­е­ри­те и сѐ до­де­ка не­до­ста­то­ци­те на ма­ли­те др­жа­ви про­дол­жу­ва­ат да се зго­ле­му­ва­ат и на­ци­о­нал­ни цен­три про­дол­жу­ва­ат да ја ос­лаб­ну­ва­ат нив­на­та власт во пер­и­фе­ри­и­те, се­па­ра­тиз­мот си­гур­но ќе про­дол­жи да се ши­ри.

Из­вор: „Стра­тфор“
Пре­вод: Ана Цве­та­но­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top