| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ очекува дополнителни капацитети за прием на бегалци од Македонија

gevgelija_begalci3

Европската унија се уште очекува од Република Македонија да определи дополнителни капацитети за привремено сместување на бегалците, покрај оние 2.000 што претседателот Ѓорге Иванов ги понуди на неформалниот Самит за бегалците пред околу еден месец, јави дописникот на МИА од Брисел.
Ова на денешната прес-конференција во Европската комисија го посочи портпаролката Наташа Берто, посочувајќи дека по синоќешната видео-конференција на контакт-точките од земјите долж западно-балканската мигрантска рута, каде Македонија ја претставува државнито секретар во Министерството за внатрешни работи Анастасија Илиеска, Брисел го радува поправената комуникација меѓу македонската држава и Грција.
– Вчера се одржа видео-конференција на контакт-точките, кои разменија информација за ситуациите на границите и се согласија да се информриаат меѓу себе за одлуки, како што е договорено од страна на лидерите. Доополнителни капацитети за прием се договорени и има прогрес, но мора да се направат напори тоа да се подорби – соопшти најпрво портпаролот на ЕК, Маргаритис Схинас.
Втората гласногорничка на Еврокомисиајта, Наташа Берто, пак, посочи дека западно-балканските контакт-точки, вчера во дополнение на капацитетите за прием, за што ЕК комуницираше последниот пат, а што беше објавено на 29. октомври, синоќа Словенија понудила плус 9.000 достапни места за прием. Сепак, тоа значи дека околу 20 илјади места за привремено сместување се понудени од балканските земји досега, меѓу кои ја нема Македонија, а Европската унија бара Балканот да смести најмалку 50 илјади бегалци.
За оградата што ја гради Македонија на дел од границата со Грција и непропуштањето на економски мигранти, освен бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан, Еврокомисијата не коментира, но гласноговорничката Берто со позитивна забелешка.
– За време на вчерашниот телефонски повик, Грција и БЈР Македонија беа исто така претставени. Се сеќавате дека во изјавата на лидерите по состанокот за западно-балканската рута, двете страни се согласија да ја зголемат соработка на границата што ја делат и по вчерашниот повик, двете контакт-точки ја повторија таа посветеност и не информираа дека нивната соработка и комуникација се поправа – посочи Наташа Берто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top