Mинистерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, амбасадорката на Република Франција, Лоренс Оер и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации ( УНДП), Луиза Винтон, денеска свечено ги доделија наградите на 20-те најдобри од првиот фото-конкурс за климатски промени во државата #ДелувајСега, како и за двајца новинари за најдобра сторија на тема „Борба против климатските промени“.
Велосипеди и фотокамери беа доделени на две најдобри фотографии во секоја од десетте категории. Победниците беа селектирани врз база на лајкови на „Фејсбук“ (50%) и врз база на гласови на интернационално жири (50%).
Фото-конкурсот #ДелувајСега беше повик до сите граѓани, активисти, вљубеници во природата и подржувачи на борбата за чиста животна средина, да ги искористат своите фотографски вештини за да ги фотографираат ефектите на климатските промени во било која од понудените десет категории: Климатските промени и водата, Климатските промени и здравството, Климатските промени и туризмот, Климатските промени и транспортот, Климатските промени и културното наследство, Климатските промени и шумите, Климатските промени и земјоделството, Климатските промени и природните катастрофи, Климатските промени и биодиверзитетот и Климатските промени и обновливите извори на енергија.
Овој фото конкурс беше организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Француската Амбасада во Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, со цел да се подигне свеста за ефектите кои ги имаат климатските промени.
Во конкурсот за медиуми на тема Борба против климатските промени се конкурираше во две категории- телевизии и печатени и електронски медиуми. Интернационално жири одбра по една најдобра новинарска сторија публикувана во периодот од 1 јануари до 31 октомври 2015г.во двете категории за што на победниците француската амбасада ќе им им овозможи краток студиски престој во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Старо верување: Знаете ли зошто не треба да чувате во домот фотографии на починатите?
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал