| четврток, 6 декември 2018 |

Мали: Убиени се девет лица, а 80 заложници се ослободени

Специјалните сили на Мали го чистат хотелот кат по кат, откако вооружени напаѓачи го зазедоа хотелот и како заложници земаа 170 луѓе.

Се наведува дека се убиени девет лица, а 80 заложници се ослободени.

Групата џихадисти влезе во луксузниот хотел „Радисон“ во кој главно престојуваат странци. Постојат различни информации за тоа колкумина се напаѓали, а светските медиуми пренесуваат дека се од два до 2о.

Според сведоци, напаѓачите говореле на англиски јазик.

Според „Гардијан“ убиени се двајца државјани на Мали, еден на Франција. Во хотелот има и седум вработени во „Туркиш ерлајнс“ од кои тројца успеале да побегнат. Кинеската агенција јави дека меѓу заложниците има и 10 државјани на Кина. Индија соопшти дека во хотелот има 20 индиски државјани.

Уште не е познато кој стои зад нападите.

Хотелот „Радисон Блу“ е луксузен хотел и едно од главните места за соборање на странците во Бамак.

Ова е втор напад од ваков тип во последните неколку месеци во Мали. Во август 13 лица настрадаа во престрелката меѓу терористите и војската за време на опсадата на хотелот „Библос“ во кој биле сместени припадници на мисијата на Обединетите нации.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top