Доколку ве затекне терористички напад, треба да донесете тешка одлука, да побегнете или да се преправате дека сте мртви. Ако ги слушате советите на британската канцеларија за тероризам „Nactso“ треба да побегнете во соба со дебели ѕидови.
Британците објавија водич за преживување на терористички напад, и тоа откако некои луѓе од салата „Bataclan“ преживеа токму поради тоа што се преправаа дека се мртви.
Ако се најдете на место на терористички напад, тука е она што, според мислењето на британците треба да го направите во таква ситуација:
1. Бегајте
Пронајдете ја најбезбедната насока за бегство. Убедете и други да дојдат со вас и не се враќајте по мобилен телефон или паричник.
2. Сокријте се
Ако не можете да бегате, сокријте се. Најдете најбезбедно засолниште зад дебели ѕидови. Запомнете, куршумите можат да пробијат стакло, дрво, цигли и метал. Обавезно исклучете го звонењето на вашиот мобилен телефон.
3. Јавете се во полиција
Веднаш штом ќе процените дека имате можност јавете се во полицијата, раскажете што се случува и дајте им што повеќе информации. Објаснете им каде се наоѓаат осомничените и како изгледаат. Кажете им колку луѓе се во моментот во зградата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.