| четврток, 6 декември 2018 |

Овошје кое сите во Македонија го јадеме е тајната за долговечноста на Хунзите (фото)

Народот на Хунзите живее  на планините во северен Пакистан. Ги има околу 87 000, а посебни се по тоа што живеат просечно сто години, но многумина од нив без проблем доживуваат и 120.

hunza-5

Поединци живееле и 160 години. Ретко се болни, не знаат што е тумор, имаат младешки изглед, а нивните жени раѓаат и со 65 години.

pakistan-people

Тие се жив доказ како исхраната  и начинот на живот влијаат врз луѓето. Хунзите се бањаат во студена вода, дури и ако температурите се под нула. Го јадат само она што самите ќе го посадат. Се хранат со сирово овошје и зеленчук, јаткасти плодови, јадат многу суви кајсии, разни житарки (најчесто хељда и јачмен), поретко конзумираат овчо сирење, млеко и јајца.

aLKn6OM_700b_v1

За нив нема ужина, само појадок  и ручек. Многу пешачат,  дури 15 до 20 километри на ден. Месо ретко јадат, два пати во годината ќе изедат малку пилешко или јагнешко место. Исто така, многу се смеат.

narod-hunza-1442408027-68336

Еден дел од годината во траење помеѓу две и четири месеци не јадат ништо туку само пијат сок од сушени кајсии. Тоа кај нив е традиција која строго ја почитуваат, а се случува во дел од годината кога овошјето се уште не е созреано. Лекарите велат дека токму начинот на нивната исхрана и периодот на гладување се заслужни за доброто здравје и долговечност.

aLKn6OM_700b_v1

Имено, навиката за конзумирање на големи количини на кајсии е заслужна за заштита од тумор. Семките од кајсија се богати со Б-17 витамина кој делува антиканцерогено, а тие од семките прават масло. Но станува збор за исклучително мали дози, кои може да бидат опасни по живот доколку се претера.

Таму е дури работа на престиж кое семејство има повеќе стебла кајсии на своја земја.

13569-1-f

Овој темпераментен  и издржлив народ  за себе вели дека се потомци на Александар Велики и неговата војска. Некои до нив во време на освојувањето останале во своите села и се ожениле. Медиумите во 1984 година пишуваа за Саид Абдула Мобуда од народот Хунзи кој дошол на лондонскиот аеродром и ги збунил службениците покажувајќи им го пасошот. Во него пишуваше дека е роден  во 1832 година.

хунзи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top