| четврток, 6 декември 2018 |

Грчкиот кандидат за „Оскар“ вечерва пред скопската публика на „Синедејс“

„Зенит“, филмот на хрватскиот режисер Далибор Матаниќ кој веќе собра многу награди на фестивалите во Кан, Пула, Сараево вечерва е на програмата на Фестивалот за европски филм „Силедејс“ кој завршува в сабота. Филмот е во скопското кино „Милениум“ од 20 часот.

3a9a227d-038f-46b5-9269-a2ffb750481f

Денеска на „Синедејс“ е и филмот „Јастог“ (22 часот, кино „Милениум“) на грчкиот режисер Јоргос Лантимос кој многумина го сметаат за најсериозниот кандидат за освојување ОСКАР од неанглиско говорно подрачје. Ќе има кратки македонски филмови, работилница со историчарот и сценарист Роелоф Јан Минербо за тоа како се користат раскажувачки архиетипови за да се доближи локалната приказна до светската публика и концерт на хрватскиот кантавтор Мики Солус.

Кино Милениум

20:00

„ЗЕНИТ“

Режија: Далибор Матаниќ

Хрватскиот режисер Далибор Матаниќ со неговиот „Зенит“ собра многу награди на фестивалите во Кан, Пула, Сарево.. Овој филм е за три различни љубовни приказни, сместени во три последователни децении, во две соседни балкански села, обременети со долго минато на меѓуетничка омраза. Ова е филм за опасностите и за истрајната моќ на забранетата љубов. Следиме шест различни љубовници, секој карактер во секоја декада го глуми ист актер. Преку зборувањето за нивната меѓуетничка омраза, добро позната во нашиот регион, нашата приказна зборува за омразата генерално, за омразата и недовербата во другиот.

22:00

„ЈАСТОГОТ“

Режија: Јоргос Лантимос

Игра Колин Фарел, Џон Рејли, Рејчел Вајц

Филмот на грчкиот режисер Јоргос Лантимос освои неколку награди на Канскиот филмски фестивал, а многумина го сметаат за најсериозниот кандидат за освојување ОСКАР од неанглиско говорно подрачје. Филмот „ЈАСТОГ“ е љубовна приказна сместена во блиска иднина, каде што според правилата на Градот, ги апсат слободните луѓе и ги сместуваат во Хотелот. Таму тие се обврзани да најдат партнер/ка во период од 45 дена. Ако не успеат во тоа, ги претвораат во животно по избор и ги пуштаат во Шумата. Еден очаен човек бега од Хотелот во Шумата, каде што живеат Самотниците и се вљубува, иако тоа е против нивните правила. 

Кино Фросина

19:00

Денеска на програмата се кратки македонски филмови:

„ДЕВОЈКАТА ШТО ПАЃА“ на Владимир Лукаш,

БЕСПЛАТНИ ПРЕГРАТКИ“ на Тамара Котевска,

„КАРМА“ на Владимир Митревски

„ЛИМБО“ на  Јане Спасиќ

„КОТА 404“ на Маријан Гавриловски

„ПЕПИ и МУТО“ на Георги М. Унковски

„ПОСЛЕДНИ ЧЕКОРИ“ на Стефан Сидовски,

„МАМА“ на Лидија Мојсовска
„ДРАГИ АЛЕКСАНДРЕ“ на Марија Макеска

„БРАТ ЗА ЕДЕН ДЕН“ на Стојан Вујичиќ

„КРУЖНО ПАТУВАЊЕ НА МАРЕТО“ на Жарко Иванов

„THE CASE“ на Ивица Димитријевиќ

21:00

„МОРФИН – ПАТУВАЊЕ ОД СОНИШТА“

Режија: Марк Шуман 

Во Morphine: Journey of Dreams, е музички документарен филм и приказната за легендарниот мулти-жанровски „low-rock“ бенд од 90-тите. Morphine ја раскажуваат живите членови и луѓето околу нив, без нарација, и оживеана преку дневниците од турнеите на саксофонистот Dana Colley. Раритетни настапи од кариерата на бендот вметнати во приказната покажуваат зошто единствениот и зашеметувачки звук на ова трио сè уште ја освојува публиката и љубителите на музиката низ светот и по смртта на пејачот, автор и басист Марк Сендмен, на сцена, на фестивал во Италија. Ова е уметнички изработен документ за убедливата кариера и живот на овој ненадминлив музички акт којшто не само што ги следи, туку и навлегува во музиката и во душата на бендот.

Џебно кино

18:00

„ЖЕНАТА“

Индија е една од двете земји во фокусот годинава и филмот „Жената“ е дел од ревијата индиски филмови. Тоа е едноставна приказна за неписмена жена што му е целосно верна на мажот што многу го сака, но тој не ја признава за сопруга и сака да   побегне со друга жена, помлада и поубава. Сепак Рани вели дека Падалу е нејзин маж. Откријте зошто таа е подготвена да ги загрози својот живот и слободата за маж што е толку бездушен кон нејзе?

20:00

„ЗАРАДИ ПУНЕ“

Филмот е дел од ревијата ирански филмови и е приказна за Мажид и неговата жена Пуне чив брак запаѓа во криза поради зависноста од дрога на Мажид. За да го спаси нивниот брак, Мажид решава да замине во камп за одвикнување на зависници од дрога, но поради психолошки проблеми бега од кампот. Кога ќе се врати дома, наоѓа сцена којашто го тера да се посомнева во верноста на Пуне. Конфликтот меѓу Мажид и Пуне продолжува и Пуне заминува од куќата и оди во домот на нејзината мајка…

22:00

„ДАРАВИ“

Ова е уште еден филм од ревијата индиски филмови. Во Дарави, едно од најголемите гета на земјата, живеат многу луѓе во голема сиромаштија и тешки услови. Еден од нив е и таксистот Раџкаран. Негов сон е еден ден да има свое такси и да започне сопствен бизнис со боење облека.

Придружна програма

РАБОТИЛНИЦА: Роелоф Јан Минербо – „Архетиповите во сценаријата и универзалните приказни“

12:00 | Џебно кино

Предавање / работилница за тоа како се користат раскажувачки архерипи за да се доближи локалната приказна до светската публика. Предавањето нè води преку сумерскиот еп „Гилгамеш“ до грузискиот филм „Пченкарен остров“. Историчарот и сценарист Роелоф Јан Минербо ќе се фокусира на општочовечките елементи во уметноста на раскажувањето приказни, со посебно внимание на приказните коишто ни покажуваат колку понекогаш е тешко да се биде човек. Ќе има време за разговор со публиката за приказни коишто сѐ уште се во изработка.

Роелоф Јан Минербо
Роелоф Јан Минербо (1965) завршил историја и англиски јазик во Амстердам и работи како сценарист и консултант за сценарија. Косценарист е на филмовите: „Пченкарен остров“ (Corn Island), заедно со Џорџ Овашвили (Грузија) и на „Сопствениците“ (The Owners), заедно со Адилкан Јерзанов (Казахстан). Консултант за сценарио е на кинескиот филм „Парче рај“ (A Corner of Heaven) на Миаојан Чанг. Во моментов учествува во проекти во Босна и Херцеговина, Казахстан, Грузија, Азербејџан и во неговата родна Холандија.

17:00

„ЦИРКУСОТ ГО НАПУШТА ГРАДОТ “– специјална проекција

Режија: Мете Созер

Во едно заборавено и испустено село, заробено помеѓу животот и смртта, останати се само малкумина. Одамна човек однадвор не стапнал, а сите млади заминале. Еден ден во селото пристигнува непознат човек. Слегува од возот, облечен во црвено, со црвен куфер в рака. Тој е првиот намерник по многу долго време. Со неговото доаѓање селото живнува и за тоа на големо се зборува. По почетната изненада, полека доаѓа сомнежот. Ќе испливаат некои длабоко сокриени мрачни спомени за некоја крвава свадба. Дали туѓинецот е поврзан со тоа? Дали тој ќе донесе болка или нова надеж?

Музичка програма

  • Miki Solus

22:30 | МКЦ

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top