Кино недела резервирана за филмски крими-трилер и комичен настан на нашите најпознати изведувачи.
Почнувајќи од четврток љубителите на мистериозните приказни ќе можат да го погледнат филмот „Стокер“ во киното „Синеплекс“. Станува збор за мрачното и мистериозно семејство Стокер во кое секој член крие по некоја тајна. Во овој психолошки трилер главните улогите ги толкуваат Никол Кидман, Миа Васиковска, Дермот Мулруни и Метју Гуди. Индиа Стокер е тивка, повлечена тинејџерка чиј татко умира под сомнителни околности на нејзиниот 18 роденден. На закопот, таа го запознава неговиот брат Чарли, за кој не знаела дека постои. Чичкото Чарли одлучува да се всели во куќата на Стокерови, и да живее со неа и нејзината нестабилна мајка. Индиа почнува да се сомнева дека овој шармантен, мистериозен човек има скриени мотиви и почнува да се опседнува со него.
На 17 април со почеток во 20.00ч, во киното „Синеплекс“ следува комичниот настап на незаменливиот Игор Џамбазов и младиот комичар Марјан Георгиевски, заедно со водителот Жаре Димитриоски. Единствена, урнебесна, неповторлива „Стенд Ап Kомедија“ која на публиката ќе и пружи час ипол незаборавно смеење.
На овој настан организиран од страна на Skopje City Mall ќе имаат можност тројца млади и надежни комичари да го претстават својот досега неоткриен талент. Тие ќе бидат избрани од страна на стручно жири, врз основа на претходно подготвениот краток видео материјал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.