Македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски со победа ја заврши едногодишната одисеја во Франција во тимот на Кретеј. Тој во својот последен натпревар за сега веќе поранешниот клуб, славеше победа од 29-26 против Сесон на домашен терен.
Тој денеска обелодени дека кариерата ќе ја продолжи во лидерот во геерманскиот шампионат екипата на Рајн-Некар Левен кој е противник на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите.
Ристовски го бранеше целото прво полувреме, а потоа на стартот од вториот дел му го препушти местото на Шуњиќ, добивајќи аплаузи од домашните фанови во знак на благодарност за добрите игри во изминатите сезона и половина.
Тој го заврши натпреварот со седум успешни интервенции, а Кретеј дојде до победата благодарение на пресвртот во второто полувреме. Ова беше петти триумф сезонава за Кретеј, со што оваа екипа се искачи на делба на четвртото место на табелата, заедно со Сесон и Ним со по 12 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.