| четврток, 6 декември 2018 |

Мамиќ повторно може да се брани од слобода откако ќе уплати 2 милион евра кауција

zdravko mamic

Првиот човек на Динамо Загреб, контраверзниот Здравко Мамиќ откако вчера беше уапсен поради нов судски предмет во хрватските судови заради злосторничко здружување, ќе може да се брани од слобода и да биде пуштен од притвор откако ќе уплати 2 милиони евра кауција.
Судијката во случајот против него сепак реши да му даде можност на Здравко Мамиќ да се брани од слобода, притоа одредувајќи висока кауција. Неговиот син Марио Мамиќ, кој исто така беше уапсен вчера наутро, ќе може да излезе на слобода со кауција од пет милиони куни (околу 700.000 евра).

Дамир Врбановиќ, кој е извршен директор во Фудбалската Федерација на Хрватска, ќе може да се брани од слобода откако плати кауција во претходниот судски случај против него, поврзан со сегашниот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top