Најдобриот тенисер на сите времиња Роџер Федерер игра во одлична форма во завршницата од сезоната на мастерс турнирот во Лондон. Во „О2“ арената во две групи се поделени најдобрите осум тенисери.
Федерер во третото коло славеше и трета победа, овојпат над Јапонецот Кеи Нишикори со 2-1 (7-5, 4-6, 6-4) во сетови. Претходно „Федекс“ ги збриша и Томаш Бердих и Новак Ѓоковиќ и заслужено се најде на првото место во групата и се пласираше во полуфиналето.
Федерер го доби првиот сет со 7-5, а поведе и во вториот со брејк. Сепак, Нишикори се врати во игра и успеа да го освои вториот сет со 4-6.
И третиот сет беше мошне возбудлив. Федерер повторно поведе со 4-1 во гемови, но Нишикори израмни на 4-4. Сепак, во завршницата Федерер имаше посилни нерви и успеа да го освои со 6-4, комплетирајќи го мечот за трет триумф по три дуели и потврда на пласманот во полуфиналето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


