| четврток, 6 декември 2018 |

Џеј Зи и купува на Бијонсе остров на Бахамите

Тивката оаза и песочниот рај за неговите две најважни дами, сопругта Бiјонсе и ќеркичката Блу Ајви, ќе го кошта познатиот рапер Џеј Зи три милиони долари.

По примерот на мултимилијардерот Ричард Брансон, кој прв го започна трендот на купување на приватни острови на Бахамите, сопругот на Бијонсе е подготвен да ја потроши оваа сума за да си купи малку мир од папараци фотографите.

– На приватниот остров тие конечно ќе можат да го пронајдат својот мир, бидејќи со себе ќе понесат само неколку вработени – една од собарките, домаќинот, дадилка и неколку чувари – изјавил пријател на семејството за британскиот таблоид The Sun.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top