Диана Кристинсон имала само 22 години кога дознала дека боледува од малиген рак именуван како Хочкин лимфом од четврти степен.
-Само што дипломирав и се обидував да откријам кој е следниот чекор во мојот живот – вели Кристинсон.
Изминатите три години за неа значеле борба со болеста, хемотерапија и две трансплантации на коскена срж. Но, и покрај сите тие негативни работи во нејзиниот живот, таа се одлучила да продолжи понатаму и да се занимава со манекенство.
Моментално работи за една глобална модна агенција Major Models. Досега била дел од 6 шоуа и неколку рекламни кампањи.
За оваа професија е одлучила откако еден нејзин пријател ја замолил да ја фотографира за неговото портфолио.
Најголемиот проблем со кој се соочила била ќелавоста.
-Немав можност да откријам други модели кои се без коса и тоа понекогаш правеше да се чувствувам неудобно. Но, многу жени ме поттикнуваа со своите зборови да продолжам понатаму – објаснува таа.
Сега се надева дека ќе претставува инспирација за бројни луѓе кои се борат со ракот.
-Тоа што се соочувате со потешкотии во животот не значи дека треба да престанете да го живеете и да се откажете од вашите соништа – заклучува Кристинсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





