| четврток, 6 декември 2018 |

Универзитетски згради во Кипар евакуирани поради бомбашка закана

­ Неколку згради на Европскиот универзитет на Кипар во Никозија биле евакуирани утрово поради бомбашка закана, јави ТАСС.

kipar

 

Според полицијата, утрово добиле сигнал за поставена бомба во една од зградите на универзитетот.

Полицајците ги провериле сите згради на универзитетот. При пребарувањето не е пронајдено ништо сомнително.

Се очекува истрагата да заврши во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top